Лацио испратиле понуда за Гринвуд

Greenwood-pitch-768x512-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мејсон Гринвуд, играчот на Манчестер јунајтед, би можел да ја продолжи кариерата во Италија. Челниците на клубот од „Олд Трафорд“ се во преговори со Лацио, кој ја испратил највисоката понуда до сега.


Лацио, споре италијанскте медиуми нуди 35,5 милиони евра, додека во Јунајтед се надеваат дека можат да добијат барем уште 10 милиони повеќе.

Повторно во доменот на шпекулации е дека Гринвуд сака кариерата да ја продолжи во Јувентус. Инаку, младиот фудбалер на манчестер јунајтед, по сите проблеми што ги имаше во приватниот живот, кога неговата девојка го обвини за силуање, поради што беше отсранет од тимот, зад себе има одлична сезона во Хетафе, постигна десет гола и забележа шест аситенции на 35 натпревари во Ла Лига. .

Гринвуд има уште една година од договорот со Јунајтед и ова е идеална можност клубот да заработи од неговиот трансфер.

Покрај Јувентус и Лацио, наводно интерес за Гринвуд покажале иБарселона, Атлетико Мадрид и Борусија Дортмунд.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK