Францускиот мотоциклист Фабио Квартаро го продолжи договорот со Јамаха до крајот на 2026 година, потврдија од јапонскиот тим.
Во редовите на Јамаха задржувањето на шампионот од 2021 година уште порано беше окарактеризирано како приоритет во следниот период, особено што за него беа заинтересирани и други екипи.
Одлуката на Квартараро да остане во редовите на сините се базира на тоа што во јапонската компанија напорно работат на враќање на победничкиот пат од кој отстапија по освојувањето на титулата пред две и пол години.
Французинот и се приклучи на Јамаха во 2021 година, откако помина две сезони во сателитскиот тим Петронас Јамаха и оттогаш забележа осум победи, а вкупно 21 пат заврши на подиумот.
Инаку, Квартараро е третиот возач кој има договор за наредната сезона. Пред него, Бред Биндер го продолжи договорот со KTM рејсинг, додека Франческо Багнаја останува верен на Дукати.
Овогодинешниот Мото ГП шампионат продолжува со Големата награда на Америка, од 12 до 14 април.