Првиот голман на Реал Мадрид, Белгиецот Тибо Куртоа би требало да се врати во првиот тим по тешката повреда на коленото, изјави на прес-конференција тренерот на Реал, Карло Анчелоти.
Реал игра против Кадиз во шпанската лига и тоа треба да биде првиот натпревар на Куртоа за „кралскиот клуб“ оваа сезона.
Анчелоти изјави дека Куртоа нема да брани во Лигата на шампионите.
Андриј Лунин е првиот избор на тренрот во среда, кога Реал во Мадрид ќе го одигра полуфиналниот реванш против Баерн.
Украинецот беше одличен за Реал во елитното европско натпреварување и Анчелоти не сака да го користи Куртоа кој штотуку се врати по тешката повреда.
На прашањето кој ќе брани доколку Реал влезе во финалето на Лигата на шампионите, Анчелоти одговори: „Не знам“.