Култната патека Спа-Франкошамп ја продолжи соработката со Формула 1. Големата награда на Белгија ќе се вози најмалку до 2025 година.
Спа-Франкошамп има богата историја во Формула 1, почнувајќи од 1950 година се одржани 56 тркачки викенди. Белгиската патека е и најдолга во календарот, еден круг е долг 7.004 метри.
Претходните години и самиот комплекс претрпе промени. Инфраструктурно, капацитетот беше проширен за 10.000 места со поставување на две нови трибини. Овогодинешното Гран при на Белгија го посетија вкупно 380.000 фанови, што е за 20.000 повеќе од минатата година.
Најголемите прашања беа покренати за безбедноста, или недостатокот од неа. Посебно опасна е секвенцата на кривината „О Руж“ пред правецот „Кемел“, каде што Дино Ван’т Хоф во Евроформула Антоан Убер во трката во Формула 2 ги загубија животите во 2019 година.
„Спа е синоним за Формула 1. Таа е дел од календарот од самиот почеток и публиката и возачите ја скаат оваа патека. Воодушевен сум што ја продолживме соработката со патеката Спа-Франкошамп до 2025 година“, изјави шефот на Формула 1, Стефано Доменикали.