Кубанскиот џин освои златен медал по петти пат во истата дисциплина

1722971598-GettyImages-2165581930.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Михаин Лопез Нуњез, 41-годишниот борач во грчко-римски стил, постигна неверојатен и историски резултат на Олимписките игри во Париз. Кубанецот го освои петтиот златен медал на петтите игри по ред. Во финалната борба во грчко-римски стил до 130 килограми, Лопез Нуњез го совлада Чилеанецот Јасмани Акоста Фернандез со 6:0 и освои нов златен медал во својата блескава кариера.


Своето прво злато го освои на Игрите во Пекинг кога се натпреваруваше во категоријата до 120 килограми, а сето тоа го повтори четири години подоцна кога Лондон беше домаќин на Олимписките игри.

Потоа во следните три случаи се натпреваруваше во преобликувана категорија до 130 килограми, а навиките за освојување златни медали останаа исти. Беше најдобар во Рио де Жанеиро, Токио и сега во Париз.

Со тоа Лопез Нуњез стана првиот спортист во историјата кој освоил пет златни медали во иста дисциплина.

Досега американскиот атлетичар Карл Луис во скок во далечина, американскиот пливач Мајкл Фелпс на 200 метри мешано, американската пливачка Кејти Ледеки на 800 метри слободно, Данецот Пол Елвстром во едрење, Американецот Алфред Оертер во диск и Јапонецот Каоир Ичо во борење, освоиле четири златни медали во иста дисциплина.

По победата на Игрите во Париз, 41-годишникот од Пинар дел Рио свечено ги спушти патиките на душекот, со што означи крај на велинченствената кариера.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK