Фудбалската репрезентација на Србија е во голема неволја. По лошиот настап на Европското во Германија, повеќето играчи се скараа со селекторот Драган Стојковиќ Пикси. Иако ја немаше поддршката од поголемиот дел од јавноста, Фудбалскиот сојуз на Србија сепак му го продолжи договорот на селекторот.
За возврат Пикси отпиша дури осум играчи кои беа на ЕП, па Србија значително подмладена влезе во новиот циклус на Лигата на нации.
Во првото коло успеаја да извојуваат реми со Шпанија (0:0) во Белград, додека во второто коло беа поразени во Данска со 2:0.
За проблемите на српскиот фудбал проговори и поранешниот селектор Младен Крстајиќ, пренесуваат тамошните медиуми.
„Кога ја презедов репрезентацијата, некои велеа, луд Босанец прифати да биде селектор. А зошто да не прифатам? Не прифатив да бидам кардиолог Немав искуство, но и Лампард немаше искуство кога го презеде Челси“.
Потоа на јавноста и ја „откри тајната на српскиот фудбал“, како што пишуваат српските медиуми.
„Јавноста ме пречека со критики. Таков сум по природа, можеби затоа што не знам како да „кренам рачна“. Знаете за во иднина, кога станува збор за репрезентацијата. Кога ќе дојде новиот селектор, асистентите мора да бидат компензација. Кога Муслин го назначија за селектор, мене за негов асистент ме поставија тогашните челноцо на Сојузот“, вели Крстајиќ.
Потоа точно опиша што сакал да каже: „Еден од Звезда, еден од Партизан. Да има баланс! Еве, јавноста да дознае нешто што претходно не го знаела. Тоа е она што не е нормално. Замислете да има еден од Баерн во германската репрезентација, а еден од Дортмунд Кај нас е поинаку“, изјави Крстајиќ, а неговата изјава крена прашина во Србија.
Крстајиќ стана селектор непосредно пред Светското првенство во Русија 2018 година. Тогаш Србија се пласираше на турнирот предводена од селекторот Славољуб Муслин, но два месеци пред почетокот на турнирот тој си поднесе оставка. Тогаш медиумите пишуваа дека Муслин бил под притисок од највисоките инстанци да го повика во репрезентацијата Сергеј Милинковиќ-Савиќ. За Сергеј, Муслин неколку пато пред да си поднесе оставка говореше дека ттој не се вклопува во неговиот систен.