Крос е најдобар фудбалер во Германија, а Чаби Алонсо е најдобар тренер

DFLN2DAEVRPGHI5H7YHPUUXUIU.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тони Крос е прогласен за најдобар германски фудбалер за сезоната 2023/2024, додека Чаби Алонсо од Баер Леверкузен е прогласен за најдобар тренер, откако ја освои титулата во Бундес лигата без пораз, прва во историјата на клубот.



Крос по втор пат ја доби наградата што ја доделува германскиот спортски магазин „Кикер“, претходно за најдобар беше пргласен во 2018 година.

Крос минатиот месец ја заврши кариерата, откако во четвртфиналето на ЕП Герменија беше елиминирана од Шпанија. Со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите и шампионската титула во Шпанија.

Во анкетата на „Кикер“, Крос доби 285 гласа, пред Флоријан Вирц од Леверкузен кој доби 246 гласа и Гранит Џака од Леверкузен со 66 гласа.

Минатата сезона Баер Леверкузен ја прекина серијата на Баерн Минхен од 11 шампионски титули и за прв пат во историјата на клубот стана германски шампион. Тимот тоа го постигна без пораз, а го освои и Купот на Германија, по што тренерот Чаби Алонсо беше прогласен за најдобар.

Алонсо го презеде тимот во октомври 2022 година, кога Баер беше претпоследен во Бундеслигата. Шпанскиот 42-годишен тренер доби 503 гласа, пред Себастијан Хенес од Штутгарт со 42 и Франк Шмит од Хајденхајм кој имаше 50 гласа.

Штутгарт заврши на второто место во лигата, а Хајденхајм на осмото место во првата сезона во Бундеслигата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK