Кристијано Роналдо сака да остане во Ал Наср до 2027 година

Кристијано-Роналдо-сака-да-остане-во-Ал-Наср-до-2027.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кристијано Роналдо сака да го продолжи договорот со Ал наср до јуни 2027 година, пренесуваат локалните медиуми. На крајот на минатата година, Кристијано Роналдо (38) потпиша договор со Ал Наср до јуни 2025 година.


„Роналдо им кажа на челниците на клубот дека сака да остане. Тој планира да игра на Светското првенство во 2026 година како играч на Ал Наср. Планира да ја заврши кариерата по Светското првенство“, изјави извор близок до португалскиот фудбалер.

Португалецот наводно на раководството на клубот му рекол дека е среќен во Ал Наср и задоволен од животот, како и дека планира долгорочен престој во Саудиска Арабија.

Роналдо ќе ја предводи селекцијата на Португалија во натпреварите против Словачка и Босна и Херцеговина во квалификациите за ЕП 2024 година.

Локалните медиуми потсетуваат дека португалскиот фудбалер во Ал Наср заработува околу 200 милиони долари годишно. На 36 натпревари за клубот од Саудиска Арабија, Роналдо постигна 31 гол во сите натпреварувања.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK