Крилото на Штутгарт Силас ја засили Црвена звезда

Untitled-1-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот фудбалер на Штутгарт, Силас Катома Мвумпа е новото засилување на Црвена sвезда.


Како што објавија српските медиуми, репрезентативецот на ДР Конго е потенцијално најскапото засилување во историјата на клубот Маракана бидејќи доаѓа на позајмица со откупна цена поголема од 10.000.000 евра.

Силас игра на позицијата десно крило, кариерата ја започна во Олимпик Але, од каде се пресели во Париз, а следна станица во кариерата му беше Штутгарт.

Конта за репрезентацијата на ДР одигра 16 натпревари и постигна еден гол.

Ова е трето засилување за шампионот на Србија, откако претходно во текот на денот медиумите објавија дека се комплетирани трансферите на Немања Радоњиќ и Раде Круниќ.

Оваа Силас сезона одигра само еден натпревар за Штутгарт, во Суперкупот на Германија против Баер Леверкузен, но на теренот беше само 27 минути.

Минатата сезона забележа вкупно 30 настапи. постигна седум гола и забележа една асистираше.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK