Кралот Чарлс им честиташе на фудбалерите на Англија и им порача: „Победете но без драматични пенали“

Првата-фотографија-од-кралот-Чарлс-по-објавата-дека-боледува-од.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британскиот крал Чарлс Трети им честиташе на фудбалската репрезентација на Англија за пласманот во финалето на Европското првенство и ги повика играчите да триумфираат без „чудесни голови во последните минути“ и „драматични пенали“.


– Мојата сопруга и јас се придружуваме на целото наше семејство да ви ги испратиме нашите најсрдечни честитки за пласманот во финалето на Европското првенство, како и најдобри желби за натпреварот во недела. Ве повикувам да победите пред да има потреба од чудотворни голови во последната минута или уште една драма од пенал – тогаш, сигурен сум, притисокот и пулсот на целата земја значително ќе паднат! Со среќа на Англија“, напиша Чарлс Трети, објавено е на веб-страницата на британското кралско семејство.

Фудбалерите на Англија во средата ја победија Холандија со 2:1 во полуфиналниот натпревар.

Финалето ќе го играат против Шпанија на Олимпискиот стадион во Берлин во недела на 14 јули од 21 часот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK