Крај на сагата – Винисиус ќе остане во Реал


depositphotos_679276750_l-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Винисиус Жуниор и во иднина ќе го носи дресот на Реал Мадрид. „Скај Спортс“, објави дека по обемни преговори, постигнат е принципиелен договор за нов долгорочен договор, и сè што останува е да се потврдат последните детали пред да биде потпишан.


Иако неговиот тековен договор истекува во 2027 година, Бразилецот најави потпишување на нов пред повеќе од една година, но бидејќи тоа не се случи, шпекулациите за неговото заминување се засилија.

Реал не сакаше да ги прифати финансиските барања на фудбалерот, се шпекулираше за сума од 30 милиони евра на годишно ниво. Поради тоа преговорите бе закочени.

Таа пауза поттикна нови гласини, а Винисиус постојано беше поврзуван со финансиски моќни клубови од Саудиска Арабија. Откако Алонсо го замени во минатогодишното „Ел Класико“, во октомври, 25-годишникот јавно ја изрази својата фрустрација, па дури и навести дека е можно да го напушти клубот.

Ситуацијата се промени откако Алонсо беше отпуштен во јануари. Под водство на неговиот наследник Алваро Арбело, Винисиус наводно чувствувал дека клубот повторно има верба во него, а во последните недели покажа поголема подготвеност да потпише нов договор. За да го олесни договорот, Бразилецот наводно се согласил на отстапки.

Килијан Мбапе ќе остане најплатен играч на Реал, а Винисиус ќе заработува помалку од Французинот дури и со новиот договор. Ова е спротивно на претходните извештаи дека тој сака да стане најплатен играч на клубот, обајви специјализираниот фудбалски портал, „Гол“.

Винисиус пристигна во Реал Мадрид во 2018 година од Фламенго. Оттогаш, тој одигра 370 натпревари за клубот, постигна 124 гола и забележа 100 асистенции. Тој освои две Лиги на шампиони (2022 и 2024) и три шпански првенства (2020, 2022 и 2024). Оваа сезона, тој постигна 18 гола и 14 асистенции во 48 настапи.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK