КПР ја отпушти маскотата: Флертуваше со навивачките, не навиваше за тимот

maskota_fudbal_34535345a
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Славниот лондонски фудбалски клуб Квинс Парк Ренџерс ја отпушти својата маскота, мачката Џуд, бидејќи бил „премногу флертувал со жените на трибините“ и игнорирал бројни предупредувања да престане, пишува „Сан“.


 

Џуд е официјална маскота на клубот од 2008 година, именувана по мачката која живее на стадионот.

Истата личност во изминатите неколку години ја играше улогата на Џуд за време на натпреварите, но сега клубот ќе мора да бара нов актер кој ќе го облече костимот на мачката во бело-синиот дрес.

„Неколку луѓе се пожалија дека им се пушта на жените и не навива за тимот. Доби неколку опомени, но не можеше да се воздржи. Клубот немаше избор“, изјави за „Сан“, неименуван извор од клубот.

КПР последен пат играше во Премиер лигата во сезоната 2015/16, а оттогаш нивниот најдобар пласман во Чемпионшип беше деветтото место. Минатата сезона едвај се спаси од испаѓање, а во актуелната сезона моментално се наоѓа на 16. место.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK