Кошаркарскиот клуб Партизан доби покана за престижниот турнир во Атина.
Кошаркарите ќе учествуваат на турнирот Павлос Јанакопулос кој ќе се одржи на отворени терени во Атина.
Црно-белите добија покана за учество на овој престижен турнир, на кој традиционално настапуваат и кој е во организација на тимот на Панатинаикос.
На овој турнир покрај избраниците на Жељко Обрадовиќ ќе настапат и Анадолу Ефес, Макаби од Тел Авив и секако домаќинот Панатинаикос.
Според планот натпреварите ќе се играат на античкиот стадион „Панатинаико“ кој има капацитет од околу 40.000 седишта.