У18: Македонските кошаркарки поразени на стартот на ЕП во Софија

kosharka
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонската женска кошаркарска репрезентација до 18 години загуби попладнево од Холандија со 64-43 (26 – 19) на Европското првенство во Б дивизијата кое денеска почна во Софија.

Македонските кошаркари на полувреме беа во негатива од седум поени, а Холанѓанките стекнаа недостижна предност во третата четвртина која ја решија во своја корист со 18-7.


Најефикасна во македонските редови беше Марија Николов со 11 поени

Во групата А со македонската репрезентација се и Данска, Исланд и Хрватска.

Следен противник на македонските кошаркари ќе биде репрезентацијата на Исланд, в недела од 20: 30 часот.

Првопласираните две репрезентации од сите четири групи ќе обезбедат пласман во четвртфиналето

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK