Нурс: Филип Петрушев ќе биде со Филаделфија претстојната сезона

nurs
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тренерот на Филаделфија, Ник Нурс, изјави дека центарот на Црвена ѕвезда, Филип Петрушев, кој настапува за Филаделфија во летната лига, ќе остане во тимот и во претстојната сезона.







Нурс учествуваше во поткастот на Тајрис Макси каде што зборуваше за тоа како да им се даде шанса на младите играчи да се докажат додека се испробуваат стратегиите што би можеле да се имплементираат во сезоната.

– На нашите млади момци им даваме многу време за игра. Џејден Спрингер, Лу Кинг и Филип Петрушев, кои ќе бидат во нашиот состав оваа сезона, рече Нурс.

Дваесет и тригодишниот српски кошаркар, во Летната лига има просек од 10,4 поени и 6,2 скока по натпревар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK