Македонските јуниорки поразени од Данска на ЕП во кошарка

kosharkarki_345435345
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Македонската женска јуниорска кошаркарска репрезентација без победа го заврши првиот дел на Европското првенство во Б дивизијата, откако вечерва во Софија загуби од Данска со 73-40 во рамки на последното коло во групата А.







Македонските кошаркарки одржуваа резултатска неизвесност до пред крајот на првото полувреме, кога Данска со серија од 5-0 замина на полувреме со предност од 31-24.

Осетно хендикепирани, со неиграњето на првиот стрелец, Марија Николов, која на претходниот дуел со Хрватска го повреди скочниот зглоб, македонската репрезентација не успеа да му парира на противникот во продолжението и го претрпе четвртиот пораз на Европското првенство во Б дивизијата.

Најефикасна во македонските редови беше Милица Николиќ со 14. поени.

Шансата за премиерна победа македонските кошаркарки ќе ја бараат во продолжението на турнирот на кој ќе разигруваат за пласман од 9. до 18. место.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK