Хил: Постои шанса Ембид да заигра за репрезентацијата на САД

kosharka
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Генералниот менаџер на кошаркарската репрезентација на САД, Грант Хил, му потврди на инсајдерот Марк Стајн дека центарот на Филаделфија, Џоел Ембиид, би можел да игра за Американците на Олимписките игри во Париз во 2024 година.

 


– Џоел Ембид е неверојатно талентиран играч и има неколку опции. Разговарав со него, тој знае за нашата желба да го вклучиме во нашата програма. Па да видиме каде води ова. Додека правиме планови за следното лето, сигурно ќе ги продолжиме овие разговори и се надевам дека дотогаш ќе можам попрецизно да ја проценам веројатноста Ембид да го избере тимот на САД, рече Хил.

 

Актуелниот МВП на НБА-лигата неодамна доби француско и американско државјанство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK