Атаман по заминувањето од Ефес: Можеби еден ден повторно ќе се сретнеме

ataman
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тренерот на Анадолу Ефес емотивно се прости од тимот по освоениот шампионски трофеј во турското првенство.

Турскиот кошаркарски стручњак во новата сезона ќе го води Панатинаикос.


– Не ми е лесно. После сите овие години, минатата сезона во Анадолу Ефес не работев како професионалец, туку како вљубеник во тимот. Беа потребни промени. За ова донесовме одлука заедно со претседателот на клубот. Мислам дека тоа ќе биде од корист за двете страни. Се разделуваме, но можеби еден ден повторно ќе се сретнеме. Во Турција имаме мисија со репрезентација. Тоа ќе биде олимписки квалификациски турнир. Тука сум, сите сме заедно. Им благодарам на сите наши фанови кои ме поддржуваат и не поддржуваат, рече Атаман.

Анадолу Ефес вчера по трет пат ја победи Каршијака во финалната серија и со максимални 3:0 ја освои титулата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK