Конте: Задоволен сум од тоа како клубот работеше на пазарот, Осимен нема да се врати

Screenshot-2024-09-01-105924.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалскиот тренер на Наполи, Антонио Конте изјави дека е задоволен од трансфер периодот и додаде дека нигерискиот репрезентативец Виктор Осимен нема да се врати во тимот, пренесуваат италијанските медиуми.



„Задоволен сум од тоа како клубот работеше на пазарот. Дури и да го продадевме Осимен, ќе имавме целосна ситуација. Но, јас сум среќен“, изјави Конте.

Осмен има договор со Наполи до јуни 2026 година. Тој не успеа да договори трансфер во Ал Ахли.

Италијанските медиуми потсетуваат дека Осимен не е пријавен за Серија А.

“Играчот нема да се врати. Оние кои се надвор од проектот ќе останат надвор од проектот. Направивме одредени избори и сите заедно се движиме во една насока”, додаде тренерот на Наполи.

Наполи во саботата вечерта на домашен терен по пресврт ја совлада Парма со 2:1 во третото коло од Серија А.

„Го дадовме срцето за оваа победа. Кога Ромелу Лукаку го постигна израмнувачкиот гол, им реков на момците веднаш да се вратат, бидејќи ни требаше победа. Успеавме да постигнеме гол и да победиме против многу добар тим на Парма, кој има одлични играчи“, рече Конте.

Наполи е на четвртото место на табелата во Серија А со шест бодови, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK