Конте: Треба да се срамиме

conte-formazioni-verona-napoli.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Антонио Конте имаше кошмарно деби на клупата на Наполи во Серија А. На „Бентегоди“ во Верона, домаќинот го декласира тимот на Конте со 3:0 во првото коло. Лут и разочаран тренерот ја презеде вината за поразот, а на играчите им порача дека „треба да се срамат“.


„Оние кои ме познаваат, знаат дека срцето ми крвари денеска, а се надевам дека и наодредени играчи исто така, бидејќи тоа барем би значело дека сме на вистинскиот пат“, изјави Конте на новинарите.

Како што изјави, неговиот тим се „стопи како снег на сонце“ по првиот примен гол.

„Треба да им се извиниме на луѓето во Неапол, кои страсно не следат. Јас сум тренер и правилно е што во целост ја преземам одговорноста. Нашиот настап во второто полувреме беше неприфатлив“, изјави Конте.

Конте го презеде Наполи во јуни, и е четврти тренер за само една година од заминувањето на Лучијано Спалети, кој на тимот на Наполи му го донесе скудетото во 2023 година по 33 години. Интересно, пред две години, во првото коло од шампионската сезона, Наполи победи со 5:2 во Верона.

Конте ја освои Серија А како играч, пет пати со Јувентус, но и како тренер, три пати исто така со тимот од Торино и еднаш со Интер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK