Антонио Конте призна дека не жали што жестокот ги критикувал играчите на Тотенхем пред да добие отказ.
Помина речиси една година откако Италијанецот испушти два гола предност на мечот со Саутемптон (3:3), по што Конте ги обвини играчите за загубата на два бода.
Во интервју за „Дејли Телеграф“, Конте изјави дека не жали за тоа што го кажал.
„Во тој момент така се чувствував. Ако кажам нешто, тоа значи дека е точно. Не, искрено, не се каам за ништо. Сепак, имам добро чувство за Тотенхем. Тоа искуство го чувам во моето срце“, изјави Конте.