Комити со ултиматум до Арсовска и Славевски: Имате рок од 48 часа да ги уплатите парите за Вардар

Комити-со-ултиматум-до-Арсовска-и-Славевски-Имате-рок-од.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Навивачката група на Вардар побара од градот Скопје на сметката на клубот да бидат префрлени парите кои беа ветени, како помош, уште пред три месеци. Доколку ова барање не биде реализирано најдоцна за 48 часа „Комитите“ најавија радикализација на борбата.


„Упатуваме апел до претседателот на советот на Град Скопје, Трајко Славевски и градоначалничката Данела Арсовска, финансиските средства наменети за ФК Вардар, изгласани едногласно уште на 20.07.2023 да бидат доделени веднаш. Немате повеќе време за чекање!

Вашата пасивност во однос на ФК Вардар и меѓусебното префрлање на одговорноста, се недозволиви. Никогаш нема да прифатиме, било кој да има таков однос кон клубот на народот. Затоа, упатуваме јасно барање – постапете веднаш!

Доколку за 48 часа не постапите и не ја спроведете одлуката, најавуваме радикализација на борбата.

Не дозволувајте да бидете запомнети како луѓе кои свесно или несвесно го саботирале клубот на народот. Не дозволувајте повторно да треба да се огласиме по однос на ова прашање.

Вардар над сѐ“, се вели во соопштението на навивачката група која сега всушност е и дел од клупската структура на најтрофејниот клуб.

Фото/ facebook.com/KomitiZapad87

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK