Бурата не стивнува по натпреварот од првото елиминациско коло на Светското првенство помеѓу Португалија и Хрватска. Најмогу се зборува за судењето, поточно за одлуките што ги донесе главниот судија, Норвежанецот Еспен Ескас, со помош на Вар асистентот.
Лидерот на судиите, легендарниот Пјерлуиџи Колина одлучи, дека Ескас повеќе нема да суди до крајот на првенството.
Таа одлука е можен показател дека судиската организација не е задоволна од сработеното на натпреварот помеѓу Хрватска и Португалија.
Оваа информација ја објавија „Спортске новости“. Секако, тие ја поврзуваат со натпреварот, а според тие наводи, Колина не бил задоволен од одлуката на Есекс, да досуди пенал за Португалија. Но, постои и алтернативно толкување.
Норвешка се квалификуваше за осминафиналето и тоа секако ги ограничува натпреварите што Ескас можеше да ги суди. И можно е дека едноставно не бил во план да го суди самото финале, а со пласманот на Норвешка меѓу 16-те, едноставно нема потреба да остане во САД, Канада или Мексико.
Foto/ EPA