Клоп во Сане го гледа наследникот на Салах

Клоп-во-Сане-го-гледа-наследникот-на-Салах.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британските медиуми тврдат дека германскиот репрезентативец би можел кариерата да ја продолжи во Ливерпул.


Фудбалерот на Баерн и германски репрезентативец Лерој Сане би можел да ја продолжи кариерата во Ливерпул, доколку Мохамед Салах го напушти англискиот клуб на крајот на сезоната, пренесува британски „Мирор“.

Британските медиуми се сигурни дека Салах сигурно ќе го напушти Ливерпул на крајот на сезоната и ќе потпише договор со клуб од Саудиска Арабија. Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп веќе почна да бара замена за Салах, а негов избор наводно е Сане.

Сане (27) во Баерн пристигна во 2020 година од Манчестер сити, а за клубот од Минхен одигра 144 натпревари и постигна 45 голови.

„Трансфермаркт“, проценува дека германскиот репрезентативец вреди 65 милиони евра. Тој има договор со Баерн до 30 јуни 2025 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK