Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп истакна дека неговиот тим можел повеќе од нерешениот резултат против Манчестер јунајтед, но дека не е незадоволен од конечниот исход.
„Јасно е дека требаше да го добиеме натпреварот. Моравме да постигнеме повеќе голови во првото полувреме. Во тој дел немаа ниту еден удар и 1:0 беше најмалку што можевме да очекуваме. Сè беше навистина добро до Бруно. Потоа стадионот се крена, ни требаа неколку минути да се вратиме и тие го искористија тоа и постигнаа уште еден гол. Имавме голема шанса после тоа. Но, што се однесува до мене, имаме бод повеќе отколку што имавме пред овој натпревар“, изјави Клоп.
Тој смета дека тоа не е негативен исход за шампионската трка, иако на првото место сега се наоѓа Арсенал. Тој го апострофира гостувањето кај Евертон на „Гудисон“ како потенцијалена мина.
„Се уште сме во трката за титулата и од тоа сум прилично задоволен. Манчестер јунајтед вложи дополнителен напор и знам дека можеме да го очекуваме тоа и против Евертон.