Клоп: Дијаз сам ќе одлучи дали може да игра

Клоп-Дијаз-сам-ќе-одлучи-дали-може-да-игра.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека ќе му дозволи на Луис Дијаз сам да одлучи дали ќе може да игра овој викенд. Дијаз преживува семејна драма, откако пред една недела во Колумбија беше киднапиран неговиот татко.


Клоп потврди дека 26-годишниот Дијаз се вратил на тренинзите во средата. „Црвените“ се подготвуваат за неделната пресметка со Лутон.

„Ќе почекаме да видиме како ќе се одвива. Ништо нема да форсираме. Ако се чувствува добро, ќе тренира со нас. Беше на тренинг пред два дена и вчера одработи дел од тренингот“, изјави Клоп, пренесе Би-би-си.

„Кога е со тимот, тој е добар, но може да се каже дека не спиел многу“, додаде Клоп.

Колумбиската влада утринава соопшти дека бунтовничката група ационалноослободителна армија, позната како ЕЛН, е одговорна за киднапирањето на таткото на фудбалерот на Ливерпул, Луис Дијаз.

Делегација на колумбиската влада, која во моментов е во преговори со ЕЛН, соопшти дека има „официјални сознанија“ дека киднапирањето го извршила „единица на ЕЛН“.

„Очекуваме добри вести“, изјави Клоп.

Родителите на Луис Дијаз беа киднапирани минатата сабота од вооружени мажи на мотоцикли на бензинска пумпа во малиот град Баранкас на северот на Колумбија.

Мајката на Дијаз, Силенис Маруланда, беше спасена неколку часа подоцна од полицијата која постави блокади низ градот, кој е во близина на границата на Колумбија со Венецуела.

Колумбиската полиција потоа започна масовна потрага по таткото на играчот на Ливерпул и понуди награда од 48.000 долари за информација што ќе доведе до таткото на Дијаз.

ЕЛН е главната преостаната активна герилска група во Колумбија која се бори против државата од 1964 година и има околу 2.500 членови, пишува Би-би-си. Тие се најактивни во пограничниот регион со Венецуела, каде што живеат родителите на Луис Дијаз.

Foto/ imago

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK