Клоп: Би бил лицемер ако ја прифатам понудата од Англија

1719669873-Jirgen-Klop.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јирген Клоп нема намера да ги менува плановите и сигурно ќе паузира една година од фудбалот.


Поранешниот тренер на Ливерпул се споменува како кандидат за замена на Герет Саутгејт на клупата на Англија.

Сепак, Германецот вели дека барем засега нема ништо од тоа.

„Селектор на Англија? Ако прифатам тогаш ќе бидам најголемиот лицемер во историјата, затоа што веќе реков дека сакам да се одморам. Мојот одговор во овој момент е не. Во овој момент не размислувам за никакви понуди. Прашајте ме за се за неколку месеци“, изјави Клоп.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK