Киву задоволен, Интер повторно е лидер во Серија А


Depositphotos_843623328_S.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Интер ја победија Џенова во натпреварот од 15-то коло од Серија А, со што се вратија на врвот на табелата. Интер ги искористи неуспесите на Милан и Наполи, на врвот има бод повеќе од градскиот ривал и два бода повеќе од актуелниот шампион.


Несомнено е дека ќе има жестока борба за титулата во Серија А, во текот на целата сезона.

„Беше тежок натпревар. Џенова игра добро од доаѓањето на Даниеле Де Роси. Освоивме три бода и тоа е најважно“, рече тренерот на Интер, истакнувајќи дека некои италијански фудбалски стручњаци го потцениле неговиот тим.

„Нè потценија и нè отпишаа на почетокот на сезоната, нè ставија на осмото и десеттото место. Сепак, работиме напорно за да ја покажеме нашата вредност“, рече Киву.

На 19 декември, фудбалерите на Интер ќе играат во полуфиналето на Суперкупот на Италија против Болоња во Ријад. Победникот од овој дуел ќе се сретне во финалето на Суперкупот на Италија со подобриот од натпреварот помеѓу Наполи и Милан.

Foto/ depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK