Кинеските немоќни пред Варгас – Турчинките се во полуфиналето на ОИ

1722935558-kina.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Турските одбојкарки први изборија пласман на Олимписките игри во Париз. Турција во во пет сета ја совладаа Кина со 3:2 (23:25, 25:21, 26:24, 21:25, 15:12).


Актуелните европски шампиони обезбедија вистинска европска класика во полуфиналето. Прашање е само кој ќе биде од другата страна на мрежата, Србија или Италија. Која селекција и да им биде притивник на Турчинките ќе има голема главоболка во Мелиса Варгас. Родена во Куба, која од минатата година настапува за Турција, од оваа солидна репрезентација создаде кандидат за секоја титула.

Колку е важна за овој тим покажа против олимписките шампионки од Рио 2016. Таа постигна дури 41 поен и секако беше најзаслужна за тешко извојуваната победа.

Кина поведе откако го доби првиот сет со 25:23. Турција одговори во вториот 25:21. Турчинките имаа убава предност во третиот сет, но на крајот мораше да игра за разлика и го добија сетото со 26:24. Кина го пренесе моментумот од финишот на третиот сет во четвртиот, го доби со 25:21 и гизбори тај-брејк

Во него екипите беа изедначени до 11:11. Тогаш Турција освои два поени и практично го реши мечот и се избори за историското прво олимписко полуфинале.

Покрај Варгас во победничкиот тим двоцифрена беше и Баладин со 13 поени. На другата страна Ли постигна 25, Жу 19, а Гонг 18 поени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK