Баерн Минхен и Реал Мадрид правеа планови како наредното лето да го обезбедат потписот на Флоријан Вирц, но како што тврди „Кикер“, фудбалерот нема намера да го напушти Баер Леверкузен.
Еден од најталентираните фудбалери во светот има договор со актуелниот германски првак до 2027 година. Изминатите месеци се шпекулираше дека неколку европски великани се подготвени да плат 120 милиони евра за неговите услуги.
Сепак, како што тврди „Кикер“, Вирц ќе остане во Баер и наводно веќе го продолжил договорот на уште една година. Ова значи дека играчот за врска ќе остане во Леверкузен до 2028 година.
Според овој извот, фудбалерот донел ваква одлука бидејќи му е приврзан на клубот и бидејќи сметал дека се уште може да напредува, а дека тоа најдобро може да го направи доколку остане во Баер.
Со новиот договор, Вирц ќе стане далеку најплатениот играч на Баер, според „Кикер“ ќе добие годишна плата од околку 20 милиони евра.