Во саботата на познатиот автопат Индијанаполис, своето професионално деби во автомобилизмот го имаше Кијану Ривс.
И беше многу возбудливо. Некаде на половина од 45-минутната трка, холивудската суперѕвезда излета на тревата, но немаше судар. 60-годишникот продолжи да вози откако испратил сигнал дека не е повреден.
Актерот, познат по улогите во филмовите „Матрикс“, Џон Вик и многу други блокбастери, се натпреварува во Индијанаполис на „Тојота Џи-Ар куп“, тркачко натпреварување под покровителство на познатата трка „Инди 8 часа“.
Автомобилот што Ривс го вози има симболи од стрипот „The Book of Elsewhere“, кој делумно го напишал Ривс. Тимски колега на Кијану е Коди Џонс, Јутјубер познат како член на групата „Dude Perfect“.
Ова не е првпат Ривс да ги испроба своите способности во автомобилизмот. Во 2009 година, тој триумфираше на трката за славни личности во Лонг Бич.
Stars shine brighter at Indy 🤩
Film icon Keanu Reeves and @dudeperfect’s Cody Jones are on track for Race 1 of the Toyota GR Cup!@officialgrcup | @indy8hour pic.twitter.com/ZbkFfBphiy
— Indianapolis Motor Speedway (@IMS) October 5, 2024