Кепа Аризабалага (29) е новиот голман на англискиот клуб Борнмут. Тој заминува на едногодишна позајмица од Челзи, со кој претходно го продолжи договорот до летото 2026 година, објави Фабрицио Романо.
Кепа минатата сезона беше на позајмица и во Реал Мадрид, каде беше доведен на местото на Белгиецот Тибо Куртоа, кој тешко се повреди на подготовките пред стартот на сезоната.
Меѓутоа, во ноември минатата година, Кепа заработи повреда на адукторот, испадна од тимот, а кога ја залечи повредата не можеше да дојде до првиот тим бидеќи во извонредна форма бранеше Андриј Лунин. Реал имаше опција но не сакаше да го откупи дфоговорот на Кепа.
Кепа пристигна во Челзи летото во 2018 година од Атлетик Билбао во трансфер вреден 80 милиони евра, што се уште е светски рекорд за платено обештетување за голман.
Со заминувањето на Кепа од клубот на позајмица, Челзи сега има „само“ пет голмани. Тоа се Санчез (26), Филип Јоргенсен (22), Ѓорѓе Петровиќ (24), Маркус Бетинели (32) и Лукас Бергстром (21).