Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, ќе мора да почека на првиот трофеј во кариерата.
По 14 години играње професионален фудбал, по 643 одиграни натпревари, Кејн се уште не знае како е да се освои трофеј.
Тоа не му успеа ниту во неделата навечер, во финалето на Европското првенство, бидејќи Шпанија победи со 2:1.
Минатата сезона се пресели во Баерн со надеж дека ќе освои некој трофеј, но сезната зад нас беше најлошата за Баварците во последните 12 години.
Со Англија двапати беше вицешампион на Европа, додека со Тотенхем два пати го загуби финалето на Лига купот и Лигата на шампионите во 2019 година.
„Тешко е да се опише со зборови како сите се чувствуваме во моментов. Тежок натпревар. Направивме се за да се вратиме во натпреварот и се боревме да го направиме тоа. Тешко е кога ќе примите гол во последните минути. Во првото полувреме се мачевме, не можевме да ја земеме топката во наш посед. Второто полувреме беше подобро успеавме да постигнеме гол, а потоа не фатија со една хоризонтална топка. Ја пропуштивме шансата, но не е воопшто лесно да се дојде до финалето. Кога ќе добиете ваква шанса морате да ја искористите, а ние тоа повторно не го направивме. Ова е екстремно болно и долго ќе боли. Селекторот ќе размисли дали ќе продолжи да го води тимот, сакавме да победиме за него“, рече Кејн по натпреварот.
Harry Kane career:
14 years
643 games
0 trophiesCursed. pic.twitter.com/sL1Se4xNY3
— StatMuse FC (@statmusefc) July 14, 2024