Францускиот 18-годишен стопер, Лени Јоро пред десет дена потпиша договор со Манчестер јунајтед. Јоро пристигна во Јунајтед од францускиот прволигаш Лил, во трансфер вреден 60 милиони евра. Јоро потпиша петгодишен договор со „црвените ѓаволи“.
Јоро е најталентираниот стопер во својата генерација, голем интерес за него покажа и Реал Мадрид, но Јунајтед за трансферот понуди двојно поголема сума.
Кариерата на францускиот тинејџер во дресот на славниот англиски клуб не започна добро.
Јунајтед се наоѓа на подготвки во САД. Изминатата ноќ доживеа пораз од Арсенал (2:1), но повеќе од резултатот во клубот ги загрижи повредата на Јоро.
Во 33.минута, Јоро побара лекарска помош и потоа го напушти теренот. Јоро се пожалил на болки во левата нога.
Bro experienced 32 mins of Gabriel Jesus and said I’m out of here 🤣 pic.twitter.com/8VaGdYIaw3
— Le African Gooner (@leafricangooner) July 28, 2024
„Треба да чекаме повеќе од 24 часа. Тогаш ќе знаеме повеќе. Бевме многу внимателни, особено со Јоро. Тој, одработи само 50 проценти од тренинзите и многу е разочарувачки што мораше да излезе поради повреда, да бидеме позитивни и да видиме што ќе се случи“, рече тренерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг.
Јоро го одигра својот прв натпревар за Јунајтед пред осум дена во победата од 2:0 над Ренџерс во пријателски натпревар. Јоро одигра 44 натпревари во сите натпреварувања и со Лил го освои четвртото место во францускиот шампионат, постигна и три гола.
Досега нема дебитирано за А репрезентацијата на Франција, но настапува за нејзините помлади селекции и има 13 настапи.