Карабатиќ: Сите од семејството Карабатиќ се фанови на Ѓоковиќ

175e2024day1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Никола Карабатиќ, на домашен терен ги игра последните натпревари во импресивната кариера. Репрезентацијата на Франција лошо го започна олимпискиот турнир, со два порази и реми, вчера ја победија Аргентина, а во недела го играат клучниот натпревар за пласман во нокаут фазата. Само победа против Унгарија ги носи во четвртфиналето.


За многумина најдобриот ракометар во историјата, откри дека тој и неговото семејство се големи навивачи на Новак Ѓоковиќ. Жали што утре нема да може да го гледа финалето на олимпискиот турнир во тенис.

„Жал ми е што не можам да дојдам, бидејќи во недела попладне го играме против Унгарија решавачкиот натпревар за пласман во четвртфиналето. Но, семејството Карабатиќ е најголемиот фан на Ѓоковиќ, сите сме со него. Се надевам дека ќе го освои олимпиското злато, го заслужува тоа. Тој се бори, тој е вистински пример за мене, како се однесува, како тренира, како дава се од себе и како секој ден се труди да биде најдобар на светот. Секој ден пробува различни видови на тренинзи за да биде подобар. Тој е одличен пример за мене, многу ми значеше кога дојде на мојот последен натпревар за ПСЖ, така што јас сум секогаш покрај него. Бидејќи нема да можам да дојдам да го гледам финалето, го чекам на Ролан Гарос следната година. Тогаш веќе нема да играм ракомет и ќе имам време да го гледам“, изјави Никола Карабатиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK