Кан за Роналдо: Далеку е пред Меси и Кристијано, нема покомплетен играч од него

3c03d8836861c2f12ffe6ae4d1a97676.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Легендарниот германски голман Оливер Кан, не се согласува со мислењата дека Лионел Меси и Кристијано Роналдо се најдобрите во историјата на фудбалот. Аргентинецот и Португалецот се уште се активни, едниот игра во САД, а другиот во Саудиска Арабија.


Оливер Кан, низ кариерата, се соочил со многу брилијантни напаѓачи, но само еден му оставил впечаток.

„За мене Роналдо беше далеку подобар од Меси и Кристијано. Сè уште го гледам како најкомплетниот играч досега. Бразилецот беше најдобриот играч што некогаш сум го видел“, изјави Кан.

Кан бранеше во финалето на Светското првенство во 2002 година, кога Роналдо со два гола му ја донесе титулата на Бразил.

Кога станува збор за најопасниот ривал со кој се соочил, Кан на прво место го стави Пипо Инзаги, напаѓач со неверојатно чувство за гол.

„Роналдо беше најдобар, но најмногу ме иритираше Инзаги. Тој сигурно не е супер шампион, но секогаш ми даваша гол. Секогаш. Какви нерви”, изјави Кан пред неколку години.

Инзаги во четирите соочувања меѓу Баерн и Милан има постигнато четири гола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK