Калафиори: „Менаџерот“ Жоргињо ми го препорача Арсенал

GRpuz46bMAQqwSh.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новиот играч на Арсенал, Рикардо Калафиори беше пресреќен откако го официјализира трансферот од Болоња во клубот од Лондон. Италијанскиот репрезентативец изјави, неговиот соиграч од репрезентацијата Жоргињо го убедли да се пресели во Арсенал.


Вицешампионот на Англија плати отштета од 45 милиони фунти, а за бонуси беа одвоени уште пет.

„Веќе имав одлучено да се преселам во Арсенал, но и Жоргињо влијаеше да добијам што е можно подобар впечаток и побрзо да го реализирам трансферот. Ми кажа дека ќе уживам, како и дека моите соиграчи и другите членови на клубот се исклучителни“, изјави Калафиори.

Калафиори зад себе има одлична сезона во Болоња, која под водство на сега веќе поранешниот тренер Тиаго Мота обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

Калафиори пристигна во Болоња од Базел претходното лето. Настапуваше и за Рома и Џенова.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK