Како Вест стана логото на НБА?

jerry-west-logo-1024x576-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Џери Вест, една од највлијателните личности во историјата на кошарката почина вчера во САД на 87-годишна возраст.



Дресот на Лејкерси го носеше од 1960 до 1974 година, 14 пати беше Ол-стар.
Еднаш беше најдобар стрелец и асистент во сезоната, а во 10 наврати беше избран во идеалната петорка.

Четири пати беше дел од најдобрата одбранбена петорка во НБА лигата, а во чест на Вест Лејкерси го пензионираа бројот 44. Во професионалната кариера постигна вкупно 25.192 поени (27 по натпревар), забележа и 5.366 скока и 6.238 асистенции.

Логото на НБА, кое е познато во целиот свет, е силуетата на легендарниот Џери Вест.

НБА лигата, во далечната 1969 година го ангажираше познатиот дизајнер Алан Сигел да креира ново лого. Сигел, претходно работел на логото за бејзбол лигата МЛБ, поради што и бил ангажиран од тогашните лечници на НБА.

Сигел прегледал илјадници и илјадници форографии, сè додека не налетал на една фотографија на Вест во дресот на Лејкерс. Во тој момент ја донел конечната одлука да ја искористи таа фотографија за офоцијалното лого на НБА лигата.

Значи се било едноставно. Му се допаднала фотографијата, го одбрал Вест, а не во тоа време најголемата ѕвезда Бил Расел со неговите 11 прстени.

„Тоа е многу елегантна, моќна претстава на кошарката. Тешко е графички да се направи нешто што е толку статично. Да се постигне таа тензија во движењата и грациозноста. Многу е тешко, мораше да биде едноставно. Мораше да биде силно. Динамично. Да ги има сите тие елементи“, ја објасни Сигел својата одлука.

Од тогаш до денес, силуетата на Џери Вест е препознатлива за милиони фанови ширум светот.

Инаку, во последните години, во САД се води дебата дали логото треба да се смени за да му се овозможи на Коби Брајант да го заземе тоа место. Вест, кој како генерален менаџер на ЛА Лејкерс, го донесе во тимот Коби Брајант, неколку пати нагласи дека дека тоа нема да му пречи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK