Рагбистите од Јужна Африка ја одбранија светската титула.
„Спрингбокс“ го совладаа Нов Зеланд во финалето на Светското првенство со резултат 12:11 (12:6) на стадионот во предградието на Париз, во Сент Дени.
Африканскиот тим стана светски шампион по рекорден четврти пат и прв со две последователни титули.
Претходно беа најдобри на светските првенства во 1995, 2007 и 2019 година во Јапонија, каде во финалето ја совладаа Англија.
Новозеланѓаните се бореа до самиот крај, но не можеа да го надополнат отсуството на Сем Кејн. Капитенот на нивната репрезентација доби црвен картон, што значеше дека неговиот тим ќе мора да игра со 14 рагбисти во последните 48 минути.
Имаа шанса во 73. минута да поведат, но Џорди Барет не успеа да искористи пенал. Нов Зелан остана на три светски титули.
Сите 12 поени за Јужна Африка ги постигна Ерв Полард.
Да потсетиме, во полуфиналето Јужна Африка ја победи Англија, додека Нов Зеланд беше подобар од Аргентина. Во борбата за третото место, Англија вчера ја совлада Аргентина.