Францускиот дефанзивец на Милан, Пјер Калулу е пред трансфер во Јувентус.
„Старата дама“ доставила понуда за играчот до Милан, кој добил дозвола од клубот да преговара за финансиските услови.
Станува збор за заем со опција за откуп. Јувентус за позајмицата би издвоил три милиони, а уште 14 милиони на крајот од сезоната доколку реши да го откупи неговиот договор.
Калулу имаше многу проблеми со повредите минатата сезона, па одигра само 11 натпревари.