Јувентус без Влаховиќ и Киеза во градското дерби

Јувентус-без-Влаховиќ-и-Киеза-во-градското-дерби.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Дерби дела моле“, градската пресметка на Јувентус и Торино на програмата е во сабота од 18 часот.


Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри изјави дека за дербито нема да може да смета на двајцата најдобри стрелци Душан Влаховиќ и Федерико Киеза.

„Влаховиќ и Киеза нема да играат, остатокот од тимот е добро“, изјави Алегри на конференцијата.

Влаховиќ има проблем со грбот поради кој веќе го пропушти натпреварот против Аталанта минатиот викенд, додека Киеза почувствува болка во бутниот мускул.

„Прегледите на Киеза не покажаа ништо, но тој е загрижен откако минатата сезона долго време отсуствуваше поради повреда на коленото. Донесов одлука да не игра“, изјави Алегри.

Јувентус моментално е четврти во Серија А со 14 бодови, исто колку и третопласираниот Наполи, односно четири бода помалку од Интер и Милан кои се на врвот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK