Ентони Марсијал е непожелен на „Олд Трафорд“. Клупските челници се обидуваат да најдат нов клуб за напаѓачот.
Марсијал пристигна во Јунајтед како големо засилување, во 2015 година од Монако. За неговиот трансфер клубот издвои 36 милиони фунти. Неговиот договор истекува на крајот од тековната сезона, а единствена шанса тимот од Манчестер да заработи некое евро е да го продаде во јануарскиот преоден рок.
Според италијанските медиуми, Марсијал кариерата ќе ја продолжи во Интер.
Италијанскиот тим сака позајмица со задолжителен откупу од осум милиони евра, во летниот преоден рок.
Сепак, Марсијал има и други опции. Тој би можел да остане до крајот на договорот во Јунајтед, а на крајот од сезоната да замине како слободен играч, што ќе му овозможи да добие поголема плата.