Јунајтед и Челси го договорија трансферот на Андреј Сантос


depositphotos_836940822_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Манчестер Јунајтед постигна договор со Челзи во врска со трансферот на бразилскиот играч од средниот ред Андреј Сантос.


Вредноста на договорот е 50 милиони фунти (околу 58 милиони евра), од кои 48 милиони ќе бидат платени веднаш, додека дополнителните два милиони се поврзани со лесно остварливи бонуси.

Лондонскиот клуб, исто така, задржа десет проценти од евентуалната наредна продажба на фудбалерот.

Преговорите завршија многу брзо, откако Јунајтед официјално покажа интерес за 22-годишниот Бразилец во текот на викендот. Сантос доби дозвола да заминае на медицински прегледи, по што ќе потпише договор со клубот од „Олд Трафорд“.

Во исто време, се очекува неговиот сонародник Едерсон, наскоро да ги мине лекарските прегледи и да го потпише договорот. Аталанта ќе добие 35 милиони фунти од овој трансфер.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK