Јана Атанасовска испишува историја како прва македонка во алпско скијање на Светски скијачки куп

2-3-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

18 годишната Јана ќе ја претставува Македонија на ФИС Светскиот скијачки куп во Леви, Финска


На само 18 години, Јана Атанасовска испишува историја како првата македонка што ќе се натпреварува во алпско скијање на ФИС Светски скијачки куп. Јана ќе го претстави знамето на Македонија во дисциплината слалом, на утрешната трка  со почеток во 11:00 часот. Овој настап претставува огромен успех и достигнување не само за Јана, туку и за македонскиот спорт, поставувајќи нови стандарди и инспирација за идните генерации.

Јана Атанасовска, која со својата посветеност, истрајност и талент успеа да го достигне светскиот врв, тренираше интензивно и со голема посветеност изминатите години, а нејзиниот успех претставува одличен пример за сите млади спортисти. Во својата кариера, Јана се истакна со бројни успеси на регионални и меѓународни натпревари, а сега таа ќе се натпреварува рамо до рамо со најдобрите светски скијачки, меѓу кои и најдобрата скијачка на сите времиња Микаела Шифрин. Јана, заедно со нејзините тренери Александар Атанасовски Чаве – кој е и нејзин татко – и Игор Загерник, се наоѓа во Леви, Финска, подготвена за своето историско деби на ФИС Светскиот скијачки куп.

ФИС Светскиот скијачки куп во Леви, Финска, е еден од најочекуваните настани во алпското скијање, посебно познат по натпреварите во дисциплината слалом. Традиционално, трките се одржуваат во ноември, со учество на светската елита во машка и женска категорија. Леви е првата слаломска трка во сезоната на ФИС Светски куп во алпско скијање и означува официјално отворање на натпреварите.

Скијачката федерација на Македонија со гордост ја поддржува Јана, и и посакува многу успех во остварувањето на нејзините цели и соништа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK