Њукасл јунајтед нема среќа со ждрепката во Лига купот на Англија. Клубот од „Сент Џејмс парк“, во претходните две рунди ги елиминираше клубовите од Манчестер, Сити и Јунајтед.
Њукасл во четвртфиналето за противник го доби Челси. Натпреварот ќе се игра на „Стенфорд Бриџ“ во Лондон.
Интересни ќе бидат и останатите два дуели меѓу премиерлигашките тимови, за пласман во полуфиналето. Клубовите од Ливерпул ќе им бидат домаќини на клубовите од Лондон, Евертон ќе игра против Фулам, а Ливерпул против Вест Хем.
Последната двојка ја формираа тимовите од Чемпионшип и Лига 1, Порт Вејл и Мидлсброу. Порт Вејл се 16. на табелата во Лига 1, додека во Чемпионшип Мидлсброу се наоѓа на 10. позиција,
Четвртфиналните натпревари во Лига купот на програмата се на 18. и 19. декември.