Италијанските ватерполисти направија невиден скандал

Untitled-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Италијанците и Шпанците играа за пласман од петтото до осмото место на ватерполо турнирот на Олимписките игри, а мечот ќе остане запаметен по скандалот што се случи.


Шпанците победија со 11:9, а Италијанците уште пред почетокот на натпреварот направија гест кој беше наречен вистински скандал во светот на ватерполото.

Прво во знак на протест го свртеа грбот при интонирањето на државната химна, а потоа си мечот го започнаа со играч помалку.

До четвртата минута играа со играч помалку.

Причината поради која тоа го направија е незадоволството предизвикано од четвртфиналниот натпревар кога беа поразени од Унгарија со резултат 12:10.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK