Интер без Павар до крајот на годината

Интер-без-Павар-до-крајот-на-годината.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Одбранбениот играч на Интер и француската репрезентација Бенжамин Павард (27) ќе отсуствува од терените најмалку шест недели, поради повреда на левото колено.


„Тестовите, кои беа направени во понеделникот ја потврдија првичната дијагноза на дислокација на пателата на левото колено. Ногата на францускиот дефанзивец ќе биде имобилизирана три до четири недели и потоа ќе може да започне неговото закрепнување“, соопшти Интер.

За време на летниот преоден рок, Павар пристигна во Интер од Баерн, каде мина четири сезони.

Италијанските медиуми проценуваат дека на францускиот фудбалер ќе му требаат еден и пол до два месеци за да се врати на терените.

Павар се повреди во саботната победа на Интер над Аталанта (2:1), на гостувањето во Бергамо.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK