Играчите на Интер ќе поделат два милиона ако го елиминираат Атлетико

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Марко Арнаутовиќ го постигна единствениот гол на првиот осминафинален натпревар меѓу Интер и Атлетико (1:0).



Клупските челници пред реваншот одредија колкава премија ќе поделат играчите доколу се пласираат во четвртфиналето.

„Газета дело Спорт“ наведува дека играчите ќе поделат два милиони евра.

Иста сума ќе добијат и за евентуалениот пласман во полуфиналето, а за финалето премијата е пет милиони.

Секако овде не станува збор за поединечните бонуси кои играчите ги имаат во своите договори.

Минатата сезона Интер беше поразен во финалето на Лигата на шампионите од Манчестер Сити (0:1).

Интер сезонава го освои Суперкупот на Италија, моментално води во Серија А, има 15 бода повеќе од Јувентус.

Испадна во осминафиналето од Купот на Италија од Болоња (1:2).

Во Лигата на шампионите оваа сезона има четири победи и три ремија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK