Хрватски тренер презема тим од Лигата на шампионите

Хрватски-тренер-презема-тим-од-Лигата-на-шампионите.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хрватскиот тренер Ненад Бјелица ќе стане нов тренер на Унион Берлин.


Бјелица се раздели со тимот на Трабзонспор и е без работа во изминатиот месец, но веројатно нема да биде уште долго.

Унион Берлин се раздели со Урс Фишер по серијата слаби резултати во Бундеслигата и Лигата на шампионите, тимот кој лани беше меѓу најдобрите четири сега се бори за опстанок.

Бјелица ќе се обиде да го зачува бундеслигашкиот статус за тимот од главниот град на Германија, како и да се пласира во Лига Европа.

Бјелица во својата кариера досега беше тренер на четири клуба во Австрија, по што ги предводеше тимот на Специја и Лех од Познањ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK