Египетскиот селектор, Хосам Хасан и најдобриот играч Мохамед Салах, не го криеја разочраувањето по елиминацијата во осминафиналето на СП. Египет имаше водство 2:0 против светскиот првак Аргентина до 79-та минута, на крајот „Гаучосите“ триумфираа со 3:2.
Сите во таборот на Египет го обвинија главниот судија Франсоа Летексие за елиминацијата од Мундијалот.
По натпреварот, Хасан упати сериозни обвинувања против организаторите и судијата.
„Ќе кажам што ми е на ум, без оглед на последиците. Ова беше очигледно наместен натпревар и целиот свет го виде тоа. И сакам да кажам уште нешто – ако толку многу сакаат Аргентина да победи, тогаш зошто воопшто ги каните другите да учествуваат?“
Капитенот на Египет , Салах, зборуваше конкретно за ситуацијата во која побара пенал, но судијата Летексие само одмавна со раката.
„Му реков да се врати и да го погледне видеото, бидејќи беше чист пенал, но тој само одмавна со раката и рече: „Не, не е фаул“.
Потоа Салах истакна дека, според него, сличен контакт довел до поништување на вториот гол на Египет.
„Иронично, токму поради таков дуел беше поништен и втор гол. Во тој момент знаев дека го загубивме натпреварот поради судијата. Нема ништо што можете да направите во врска со тоа. Ако судењето беше фер, ќе победевме.“
Неговите зборови и зборовите на селекторот сигурно ќе привлечат големо внимание од фудбалската јавност, особено по натпреварот кој веќе предизвика бројни контроверзии поради неколку контроверзни судиски одлуки и бурни реакции од египетскиот табор.
Foto/ EPA